Играч на лото од Дрезден (Германија) освои повеќе од 3,2 милиони евра на извлекувањето одржано на 17 мај 2025 година.
Среќниот добитник погоди шест точни бројки без супер број и беше единствениот добитник во оваа категорија во цела Германија, соопшти Sächsische Lotto GmbH.
Според соопштението, билетот е уплатен на киоск во Дрезден во петокот на 16 мај.
– Вистинска среќа: Во целата земја имаше само една награда во втората категорија – и таа отиде во Дрезден – изјави управниот директор на Sächsische Lotto-GmbH.
Добитникот не користел корисничка картичка при плаќањето на билетот, па се уште е непознат, пренесуваат германските медиуми.
Затоа властите ги повикуваат сите учесници на лотаријата да ги проверат своите билети од ова извлекување, пренесува магазинот „Феникс“.
Важно е да се напомене дека наградата може да се добие само со оригиналниот билет.