Обама и Оланд повикаа за стабилност во еврозоната

Од:

Претседателите на САД и на Франција, Барак Обама и Франсоа Оланд упатија вчера заедничка порака за стабилизација на еврозоната, еден ден пред клучниот состанок на Европската централна банка.

Во соопштението на француското претседателство се наведува дека двајцата лидери во телефонски разговор изразиле заеднички интерес за растот во Европа и стабилноста на еврозоната.

Оланд ја потенцирал желбата на Франција за забрзување на спроведувањето на одлуките, донесени на самитот на Европската унија во јуни, на кој лидерите усвоија мерки за стабилизација на долговите и стимулирање на растот.

На денешниот станок на Управниот одбор на ЕЦБ ќе биде донесена одлука во врска со тоа дали Банката ќе интервенира на второто тргување со италијанските и шпанските државни обврзници, со цел да ги олесни огромните трошоци на тие земји во справувањето со нивните долгови.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он