11 пациенти од повредените во пожарот во Кочани се лекуваат во странство

Од:

Вкупно 11 пациенти од повредените во пожарот во Кочани се лекуваат во странство. Од нив во Грција се тројца и тие се во добра, стабилна состојба, во Србија се четворица пациенти исто така во добра состојба, во Австрија е еден, стабилен и сместен на одделение, во Словенија е еден кој веќе посетува рехабилитација, а во Турција се двајца пациенти префрлени на одделение, на кои редовно им се прават преврски, соопшти денеска заменик-министерот за здравство Јовица Андовски.

Како што информира на брифинг со новинарите, во изминатиот период тим експерти од Велика Британија спроведоа интензивни обуки на 45 здравствени работници за физикална и психолошка рехабилитација на пациентите.

-Обуките беа спроведени во пет јавни здравствени установи, во Клиниката за пластична хирургија, физикална медицина во ГОБ “8 Септември” и во болниците во Штип и Кочани. По препорака на англиските експерти рехабилитацијата ќе биде во Кочани за повредените да бидат поблиску до својот дом, истакна Андовски.

На брифингот по кој е најавена и прес-конференција, се и директорот на ФЗО Сашо Клековски како и директорката на Клиника за пластична хирургија Јасмина Ѓорѓиевска Павловска.

Би можело да ве интересира

Вештак на одбраната: На „Пулс“ биле извршени занаетчиски работи, а не реконструкција – родителите дофрлаа, па беа отстранети од судница

А1он

Семејствата на жртвите од „Пулс“ в среда на марш: Придружете ни се, дајте ни поддршка

Катерина Ѓуровски

Крвав напад во Суми: Загинаа момче и девојка, над 20 лица се повредени

Четири лица, меѓу кои и едно дете се убиени во Новоросијск

(ВИДЕО) Деца загинаа во авионска несреќа, нивните родители се борат за живот

Од 2012 до 2025 немало ниту една противпожарна контрола во „Пулс“, сведочеше вештото лице