69-годишник од Свети Николе пукал кон деца кои береле цреши од неговиот двор

Од:

Шеесет и деветгодишник од Свети Николе бил лишен од слобода поради тоа што пукал со воздушна пушка кон деца кои береле цреши од неговиот двор, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Лицето со иницијали В.И. било лишено од слобода вчера во 14 часот, откако претходно од тераса на својата куќа на улицата „Питу Гули“, пукал од воздушна пушка кон неколку деца, кои береле цреши од цреша во неговиот двор.

– По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава член 288 од Кривичниот законик – „предизвикување општа опасност“, појаснуваат од Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Филипче тврди дека ВМРО- ДПМНЕ и ДУИ договориле блокада на Собранието со цел предвремени избори

Предраг Петровиќ

Сали: ЕК испраќа позитивна порака, Македонија го следи патот кон ЕУ

Горан Наумовски

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВРЕДИ: ДУИ две децении беше на власт, а нема абер од законите

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти