Зеленски: Нашата делегација утре ќе биде во Истанбул

Од:

Украинската делегација ќе биде во Истанбул во петок, на 16 мај, изјави Володимир Зеленски.

– Нашата група, која ја испраќам во Истанбул, ќе биде таму утре – рече тој.

Претходно беше соопштено дека украинската делегација на преговорите во Истанбул ќе ја предводи министерот за одбрана Рустем Умеров.

Тој додаде дека Турција, исто така, ја пречека Украина со делегација на највисоко ниво.

Зеленски денеска од Анкара потврди дека ќе се одржи средба со делегации од Русија, Украина, Соединетите Американски Држави и Турција.

Сепак, украинскиот лидер повторно ја обвинува Русија дека не ги сфаќа „сериозно“ мировните преговори.

Тој изјави дека предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп е лидерите да се сретнат, но дека Русија испратила „делегација на ниско ниво“.

Претседателот на Украина додава дека иако избрал „делегација на највисоко ниво“ за мировните преговори во Турција, решил да не ги испраќа сите членови, сега кога Русија испратила само тим од низок ранг.

„Решив да испратам делегација во Истанбул, но не сите“, рече Зеленски.

Тој изјави дека делегацијата ќе ја предводи министерот за одбрана, а во неа ќе има и други воени и разузнавачки претставници.

Би можело да ве интересира

Зеленски бара Европа да биде вклучена во сите мировни преговори

Зеленски го отфрла повлекувањето од Донбас: Нема да се откажам од таа територија заради мир

(ВИДЕО) Трамп: Омразата меѓу Путин и Зеленски е главната пречка за мир, Украина ќе има поинакви граници

Зеленски бара јасни безбедносни гаранции: Кој и како ќе реагира ако Русија повторно ја нападне Украина?

Вајдел бара Зеленски во Берлин да одговори на наводите за незаконско приведување и малтретирање луѓе

Зеленски со директна порака до Трамп: „Притиснете го Путин, а не мене“