Променливо облачно со сончеви периоди, кон крај на денот локални врнежи од дожд

Од:

Времето денеска е променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта се очекува да има локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни.

Од УХМР соопштуваат дека ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.

Во Скопје, претпладне сончево со умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми, а во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Од утре, пак, се очекува опаѓање на дневната температура и обилни врнежи од дожд со над 30 литри на метар квадратен, додека на повисоките планини со услови за повремен снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер со над 60 километри на час, особено вдолж Повардарието. Во деновите од викендот и во понеделник ќе има услови за слаб локален дожд, а дневните температури повторно ќе бидат во пораст.

Би можело да ве интересира

Утре и во петок обилни врнежи од дожд, засилен ветер и заладување, на повисоките планини снег

Сончево денеска, од утре и во викендот постудено со дожд

Есен во мај, повеќе ќе врне в четврток и петок

Променливо облачно со сончеви периоди

А1он

Период на променливо облачно време со дожд

Во викендот посвежо и со дожд