Војната меѓу Килијан Мбапе и Пари Сен Жермен не завршува, а нова етапа создаде тужбата официјално покрената од клубот од „Паркот на принцовите“.
Имено, францускиот шампион беше револтиран од начинот на кој Мбапе си замина од Париз, без отштета откако му беа исплатени 180.000.000 евра на Монако.
Тој го излажа Насер Ал Хелаифи, со кого наводно имал усмен договор во 2023 година да го продолжи договорот, но тоа не се случи.
„Овој договор не беше обврзувачки бидејќи не беше ниту формален, ниту потпишан и нема докази дека постоел споменатиот „џентлменски договор“. Бараме отштета од 55 милиони евра од ПСЖ поради отстранувањето на Мбапе од тимот откако тој објави дека го напушта клубот на крајот на сезоната“, објавија адвокатите на Мбапе.
Мбапе го направи првиот чекор, по заминувањето во Реал Мадрид и го тужеше поранешниот клуб за 55 милиони евра. Тој дури побара од УЕФА да го исфрли ПСЖ од сите нивни натпреварувања.
Затоа сега ПСЖ одговори со противтужба, барајќи од Мбапе дури 98 милиони евра.
„Тужбата на играчот против ПСЖ е неоснована. Згора на тоа, тој му должи пари на клубот“, објави ПСЖ.
Допрва треба да се очекува исходот, а за спорот секако ќе биде потребно време.