Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ќе направи се за планираната средба со Владимир Путин да се одржи оваа недела.

– Ако Путин не е подготвен да дојде во Анкара, јас и Ердоган сме подготвени да летаме за Истанбул. Ќе направиме се за да се одржи таа средба – рече Зеленски.

Тој посочи дека никој освен него не може да преговара со Путин.

– Ако нема средба со Путин, нема да има ни резултати. Сè веќе отиде предалеку. Путин се плаши од директни преговори со мене. Ако Путин не дојде и продолжи да игра, тоа ќе биде последниот доказ дека не сака да ја прекине војната – тврди Зеленски.

Зеленски рече дека доколку преговорите пропаднат, очекува „остри санкции“ од САД и ЕУ, бидејќи тоа ќе покаже дека Русија не е подготвена за дипломатија.

Украинскиот претседател рече и дека го поканил Доналд Трамп на средба со Владимир Путин во Истанбул, но американскиот претседател се уште не потврдил дали ќе присуствува.

Зеленски в четврток во Анкара треба да се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, а доколку дојде Путин, тој е подготвен да отпатува во Истанбул на директни мировни преговори со рускиот претседател.

Кремљ сè уште не откри кој ќе ја претставува Русија на овие потенцијални преговори. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков одби да одговори на тоа прашање.

Би можело да ве интересира

Трамп: „Зеленски, престани“

Кушнер: Може да има мир ако Украина исполни еден услов

Претстои нова рунда преговори за завршувањето на војната во Украина, потврди Москва

A1on

Зеленски: Украина подготви предлози за завршување на војната

Горан Наумовски

Зеленски: Киев е подготвен привремено да ги запре нападите врз Москва

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Путин со жестока порака до Зеленски: „Со терористи не се преговара“