Не се откажуваме од тоа што ни следува, протест за повисоки плати на Независниот полициски синдикат

Од:

Членови на Независниот полициски синдикат денеска излегоа на протест со барања за повисоки плати и како и барање за воедначена судска пракса по тужбите за висината на платите.

Судовите во некои градови кажуваат дека на едни полицајци треба да се исплати повеќе плата, а во Скопје велат дека ни е доволна оваа плата што ја земаме. Со пресуди, одредени полицајци имаат наплатено и е докажано. За жал, скопските судови велат дека тоа не следува. Тука доаѓа до огромен револт и неизедначување на платите, изјави претседателот на Независниот синдикат на полицијата (НСП), Мартин Ефремов на денешниот протест.

-Платите е многу едноставно да ги пресметате – треба да го помножите бодот со бројот на бодови што ги имаме. Полициски службеник има од 550 бодови па нагоре, а бодот во МВР е 35,47 денари. Со години, полициската плата е многу под минималната. Доколку не се одважат на нашите барања, ќе ги известиме сите наши братски синдикати, амбасади и европски институции и ќе продолжиме со протестите. Нема да се откажеме од тоа што ни следува и од законот – порача тој.

НСП денеска излезе на протест пред судовите во Скопје, на кој побараа да се почитува Законот за минимална плата и судските постапки да се спроведуваат во законски предвидените рокови.

– Основната плата на полицијата не може да биде под минималната плата во државата. Бараме изедначување на судската пракса на Апелациониот суд – Скопје со апелационите судови од Битола и Гостивар, што го потврдуваат нашето барање – велат од Независниот синдикат на полицијата.

Од судовите, НСП протестот го продолжи и пред Судскиот совет.

Би можело да ве интересира

Независниот полициски синдикат го почна караванот протести за подобра заштита и за повисоки плати

Независниот синдикат на полицијата бара од идниот премиер да ги вметне нивните барања во владината програма

Разединетите полициски синдикати протестираа одвоено, упатија исти барања

Делчев-Тодев: Внимателно да се изврши поставувањето на раководните позиции во полицијата

Ландов

(ВИДЕО) Саздов: Граничната полиција нема вода, струја, а донираните возила скапуваат оти немаат горива

Предраг Петровиќ