Флик по лудото „Ел Класико“: Ќе морам да проверам како ми е срцето

Од:

Во 35. коло од шпанската Ла Лига, Барселона на домашен терен го победи Реал Мадрид со 4:3 во неверојатна партија.

Гостите поведоа преку Килијан Мбапе, а истиот играч погоди и за 2:0 во 14. минута, но потоа дојде до голем пресврт за Барселона.

Најпрвин погоди Ерик Гарсија, па Ламине Јамал, а потоа до крајот на првото полувреме Рафиња со два гола им нареди целосен пресврт на Каталонците.

Во продолжението од играта Мбапе го постигна третиот гол за хет-трик, но Барселона сепак забележа голема победа која ја доведе на седум бодови пред Реал.

Ханси Флик, тренерот на Барселона, го коментираше натпреварот:

„Ова е за навивачите и за играчите. Фантастично е. Реал Мадрид има одличен тим. Успеавме да се вратиме по поразот со 2-0, и по натпреварот против Интер кој траеше повеќе од 120 минути. Не беше лесно да се справиме со тоа, но направивме одлична работа. Ќе мора да проверам како ми е срцето” – изјави Флик и додаде:

„Мислам дека треба уште многу да се подобриме, особено во одбраната. Кога притискаме, сè функционира, но кога правиме грешка, особено со првиот гол, сè станува комплицирано“.

Би можело да ве интересира

Педри: УЕФА да го истражи судијата Марчинијак, oва не е првпат да не оштети

А1он

Реал го бојкотира куп финалето со Барса

А1он

Судијата кој ќе суди куп финале Барселона – Реал Мадрид се расплака на прес-конференција

А1он

Флик и Барселона ја продолжуваат соработката до 2027

А1он

На Барселона поради контроверзно правило и се заканува одземање бодови

А1он