Израелскиот премиер не донел одлука за напад врз Иран

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека не донел одлука за евентуален напад врз Иран, но во исто време ја потврди официјалната позиција за правото на Израел да се заштити.

Не сум донел одлука за евентуален напад врз иранските нуклеарни објекти, изјави Нетанјаху.

Премиерот го потврди правото на Израел да се заштити од секаква закана за неговата безбедност и постоење. Тој истакна дека судбината на Израел „зависи единствено од самите Израелци и од никоја друга земја, колку и да е пријателска“, алудирајќи на САД.

На прашањето за информациите во медиумите дека Генералштабот на армијата, шефовите на разузнавачката служба Мосад и на службата за внатрешна безбедност Шин Бет се против напад на Израел врз Иран без поддршка на САД, Нетанјаху одговори дека „во една демократија политичките лидери носат одлуки, а војската ги извршува“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан