Филипче од Неготино: Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет и идеја за водење на државата

Од:

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ имаат катастрофални резултати, имаат катастрофален начин на владеење. Имаме Влада на ВМРО-ДПМНЕ, Влен и ЗНАМ којашто работи спротивно на државните и на националните интереси и не прави ништо добро за државата, изјави Филипче на денешната средба со општинската организација на СДСМ во Неготино.

Филипче на средбата посочи дека евидентен е пад на поддршката за владејачката партија.

„Нашите анкети покажуваат дека во гласовите на ВМРО-ДПМНЕ има сериозен пад, посебно во последните два месеци. За кратко време една толку моќна влада, со скоро две третини во Собранието,така сериозно да потфрли може да значи само две работи, прво, дека немаат капацитет и второ дека воопшто немаат идеја да направат нешто добро за државата“, рече Филипче.

Во обраќањето пред присутните, тој ја критикуваше стратегијата на власта да се изолира реалноста и реалните проблеми во државата.

„Што сака Владата да направи? Да нѐ затвори во еден меур. Таа да продава приказни како тука добро се живее и како тие добро работат за граѓаните“, рече Филипче.

Во однос на економијата, Филипче нагласи дека власта манипулира и прикажува дека економијата е во добра кондиција, но реалноста е спротивна.

„Нема никакви економски политики. Луѓето тоа го чувствуваат. Гледајте ги цените и платите, колкава дискрепанца има. Никогаш не била толкава разликата да луѓето не можат да врзат крај со крај. Не направија ништо да ги исконтролираат цените, не направија ништо соодветно да ги зголемат платите на работниците. Луѓето мака имаат, едвај врзуваат крај со крај“, рече Филипче.

На средбата Филипче, зборуваше и за политиките за младите и растечкиот тренд на иселување на младите.

„Загрижувачки е трендот на иселување на младите. Јас работам со студенти, 90% од нив учат германски јазик и се подготвуваат да си заминат од државата“, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Македонија е на дното по стандардот на живеење, власта не ни помислува на покачување на платите

А1он

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

Андоновска: СДС нема иднина се додека Филипче е на чело на партијата

А1он

СДСМ: Дали и министерот Трипуновски е замешан во корупциската шема на Стоилев?

А1он

СДСМ: Скопје се гушеше во ѓубре со месеци само за Орце да прави ПР трикови

А1он