Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој пристигна во Москва каде ќе присуствува на одбележувањето на 80 години од победата над фашизмот, за РТС изјави дека е горд што е претседател на земја чиј народ се борел против фашизмот.
Претседателот рече дека во Москва пристигнал преку Бугарија, Турција и Азербејџан бидејќи летот над нивна територија претходно бил одбиен од Летонија и Литванија.
„Поминавме низ Бугарија, Турција и Азербејџан, а кога коридорот ни беше ставен на располагање, го продолживме патувањето кон Москва. Пристигнав во Москва, каде што ме пречека заменик министерот за надворешни работи, еден од најважните луѓе во руската дипломатија“, рече Вучиќ.
Вучиќ рече дека е горд што како претседател на Србија присуствува на парадата по повод 80-годишнината од победата над фашизмот.
„Овде има суштина, десетици милиони луѓе загинаа за да можеме да живееме денес. Немаме право да ја ревидираме историјата, голем број луѓе загинаа за тоа. Горд сум што сум претседател на Србија и што ќе можам да присуствувам на комеморацијата на победата над фашизмот. Српскиот народ нема од што да се срами“ рече тој.