Орбан до Фон дер Лајен: Украина добива пари и оружје, а европските даночни обврзници ја плаќаат сметката

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска на социјалните мрежи ја критикуваше претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за нејзиниот повик до Украина да го забрза нејзиниот пристап во Европската унија.

„Денес Фон дер Лајен ги објави новите планови на Европската комисија: Украина добива пари и оружје, а европските даночни обврзници ја плаќаат сметката. Срамота!“ – напиша Орбан на мрежата Х.

Претходно, Орбан изјави дека пристапувањето на Украина во ЕУ ќе ја уништи унгарската економија.

Обраќајќи му се на украинскиот претседател Володимир Зеленски пред неколку дена, тој истакна дека „нема пристапување на Украина во ЕУ без Унгарија“ и дека „секој Унгарец ќе може да го каже своето мислење за ова прашање“.

Унгарскиот премиер претходно изјави дека Европската унија не сака да и помогне на Украина, туку да ја колонизира, а принудувањето на Киев да продолжи со конфликтот е еден од методите на колонизација.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен идниот месец во посета на Западен Балкан

А1он

Орбан: Подгответе се, ова е само почеток

А1он

Фон дер Лајен: Да нема забуна – Европа е нападната

Орбан: Унгарија стана воена цел!

А1он

Обвинителите влегоа во партијата на Орбан – запленија сервери со податоци

А1он

Фон дер Лајен подготвува забрана за социјалните мрежи за младите во ЕУ

А1он