Лукашенко помилува 8.000 затвореници во пресрет на 80-годишнината од победата во Втората светска војна

Од:

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска потпиша закон за помилување на речиси 8.000 затвореници по повод 80-годишнината од победата во Втората светска војна, јави белоруската агенција „Белта“.

За поголемиот дел од осудените, главни услови за примена на амнестија се целосно надоместување на штетата предизвикана од кривичното дело, како и препорака со позитивен карактер во периодот на издржување на казната.

Законот предвидува ослободување од казнување и други мерки на кривична одговорност или ублажување на казната за сторени кривични дела кои не претставуваат голема јавна опасност или се помалку сериозни за одреден број категории осуденици.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Киднапирањето на Мадуро е поврзано со предавство и заговор

А1он

(ВИДЕО) Лукашенко падна на мразот

А1он

Америка ги укинува санкциите врз Белорусија: Лукашенко ослободи 123 затвореници меѓу нив и Нобеловецот Бјалатски

Лукашенко одобри помилување на 31 украински државјанин

А1он

Лукашенко: Подготвен сум за голем договор со Америка, Украина мора да остане независна

Лукашенко: „Полска бара провокација“