Државниот секретар на САД Хилари Клинтон пристигна во Сенегал, од каде ја почна својата турнеја низ Африка, пренесоа американските медиуми.
Клинтон ќе посети најмалку седум африкански држави, меѓу кои Јужен Судан, Уганда, Кенија, Малави и Јужна Африка.
Турнејата ќе заврши со посетата на Гана, каде таа ќе присуствува на погребот на претседателот Џон Ата Милс, кој неочекувано почина минатата недела.
Нараснатото влијание на Кина во Африка и зголемувањето на заканите од исламистички екстремисти се очекува да бидат главни теми во дневниот ред на турнејата на Клинтон на африканските земји.
Во Сенегал, според американски претставници, таа ќе оддржи говор во кој ќе предупреди на потенцијалните ризици од кинеските инвестиции и ќе го посочи развојот како начин да се намали атрактивноста на екстремистичките групи, кои добиваат влијание во Нигерија и Мали, и продолжуваат да и се закануваат на Сомалија.