Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ денеска рече дека е за почит фактот што изградбата на Домот за стари и изнемоштени лица во Братски Доц е финансиран од општината, додавајќи дека сепак му е жал бидејќи не ги искористиле европските пари за кои „не треба да бидете само благодарни, туку треба да ги земете“.
„Жал ми е што не земавте европски пари додека беа таму, бидејќи за тоа служат еврата. Тие евра се заслужени, без разлика што доаѓаат од најбогатите земји на ЕУ. Ние не влеговме во тој договор без ништо, се согласивме со многуте придобивки што им ги даваме: отворање на земјата, слободен пазар, удар за хрватската индустрија, која многу често не можеше да го издржи западната добра цена и конкурентниот притисок“ – рече претседателот Милановиќ.
Мнозинството од населението, посочи тој, наскоро ќе биде постаро, а такви работи се преземаат и ги прават оние кои гледаат во иднината.