Виолин Фест Битола

Од:

Престижниот фестивал Виолин Фест, познат по својата мисија да ѝ даде сцена на младата виолинска иднина, годинава го одбележува своето 11-то издание – и тоа со симболично враќање таму каде што сè започна, во Битола.

Пред главниот концерт што ќе се одржи на 9 јуни во 20:00 часот, во Камерната сала на Македонската филхармонија во Скопје, Виолин Фест 2025 започнува со офф-програма во Битола, градот што отсекогаш дишел музика. Град со традиција, со училишта што изградиле генерации музичари и со атмосфера што потсетува дека културата не е украс, туку суштина.

Оваа година, фестивалот ѝ се поклонува на таа суштина – на корените. Затоа официјалната фестивалска програма започнува со два значајни настани во Битола:

– 8 мај (четврток), 12:00 ч. – Јавен час и презентација на фестивалот во Музичкото училиште во Битола

– 12 мај (понеделник), 20:00 ч. концерт во Офицерски дом, со настапи на млади виолинисти од музичките училишта од Битола, Прилеп и Охрид, кои преку својот труд и талент ја раскажуваат иднината на класичната музика.

Фестивалот е основан од виолинистот Владимир Костов, чии први музички чекори исто така водат од Битола. Од училишните клупи до големите сцени – неговата инспиративна приказна станува и приказна на сите оние што го препознаваат Виолин Фест како простор каде што младите таленти добиваат глас, шанса и публика која слуша со отворено срце.

“Оваа година, фестивалот не е само уште едно издание. Тој е посветеноста на виолината како инструмент – од скромност до страст, од Битола до Скопје, па и светот, од првата нота до аплаузот што значи •продолжи•” – истакнува Костов.

Влезот за сите настани е бесплатен.

Проектот е поддржан од Министерство за култура.

Би можело да ве интересира

Stefani & The Upper Room: Госпел концерт што носи порака на надеж и вера

А1он

„Без зборови“ – хуманитарен концерт на Македонската филхармонија за настраданите од Кочани

Македонска филхармонија доби поддршка од колегите од Белградска филхармонија

„Фанфари за еден пријател“ со виртуозната Селина От од Австрија

Португалската фадо дива, Мариза, доаѓа во Скопје!

А1он

„Имате ли ритам“ – концерт за деца на Македонската филхармонија