Американската пливачка Кејти Ледецки го собори светскиот рекорд на 800 метри

Од:

Американската пливачка Кејти Ледецки постави нов светски рекорд на 800 метри слободен стил на натпреварот во Форт Лодердејл, објави денес Ројтерс.

Ледецки постигна време од осум минути, четири секунди и 12 стотинки од секундата. Таа го подобри сопствениот светски рекорд (8:04,79) за 67 стотинки од секундата, што го постигна во август 2016 година на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.

Ројтерс објави дека американската пливачка Гречен Волш го собори светскиот рекорд на 100 метри пеперутка двапати во ист ден на натпреварот во Форт Лодердејл.

Таа прво постигна резултат од 55,09 секунди во квалификациите, со што го подобри сопствениот светски рекорд (55,18), кој го постави во јуни минатата година, за девет стотинки од секундата.

Потоа, Волш постави нов светски рекорд во оваа дисциплина во финалето, кој сега изнесува 54,60 секунди.

Би можело да ве интересира

Продолжува со работа базенот во СЦ „Борис Трајковски“

Емир Латифовиќ