Дедо, син и внук, но и нивен пријател починаа во септичка јама во Србија

Од:

На семејна фарма во селото Љубосело во близина на Топола околу 17 часот се случи трагедија, при што загинаа четири лица.

Се се случило кога едно лице паднало во септичка јама, а другите се обидувале да го спасат.

Во оваа трагедија, едно лице е тешко повредено, а лекарите се борат за неговиот живот.

Како што неофицијално дознаваат српските медиуми, станува збор за дедо, син и внук. Сосед кој помагал со чистењето, исто така настрадал со нив.

– Четири лица починаа, тројца мажи од едно семејство. Еден од нив падна во септичка јама, а другите се обидоа да го спасат и се задушија со амонијак од септичката јама, која се наоѓа во затворен простор, објави RINA.

Пожарникарите, спасувачите и екипите на брзата помош веднаш пристигнале на местото на настанот, но несреќните мажи не можеле да бидат спасени.

Според последните информации од теренот, животот го загубиле Б.Ј., Н.Ј., Ф.Ј. и В.И.

Би можело да ве интересира

Во Србија фатен бугарски државјанин со над три килограми дрога

А1он

(ВИДЕО) Србија е под снег: продолжува вонредната состојба, илјадници семејства се без струја

Катерина Ѓуровски

Нешто повеќе од 22.000 потрошувачи во Србија моментално се без електрична енергија

Тинејџер убиен во кафеана во Србија

А1он

Снежно невреме ја зафати Србија, патишта блокирани од снежни наноси и несреќи, градови покриени со снег

Гашиќ: Србија го враќа служењето во армијата, задолжително за мажи, доброволно за жени