Љубе Крстевски не се чувствува виновен за убиството на кучето Феликс

Од:

Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски на денешното рочиште во Кривичниот суд се изјаснија за невини за убиството на кучето Феликс, кое крвнички, со шипка беше удирано по главата десетици пати лани во ноември, а угина во јануари годинава, по педесетина дена борба за живот во ЈП „Лајка“. Траорниот настан се случи во складиште во Момин Поток, а на снимките од надзорните камери се гледа како Крстевски безмилосно го удира кучето.

 

Снимките од надзорните камери ќе бидат разгледувани на следното рочиште.

На денешното судење сведочеше претставничка од ЈП Лајка, која прва имала допир со кучето кога било донесено. Елена Пипонска рече дека после тоа што го видела, не може да ги погледне в очи обвинетите. Според обвинението, двајцата соизвршители на 19.11.2024 година го изложиле на непотребни маки и му нанеле непотребни болки, изложувајќи го на страдање кучето Феликс, мажјак, црна боја, на возраст околу една година. Крстевски со тврд дрвен предмет и без оправдана причина започнал да го удира со повеќе удари кучето во пределот на главата и телото, нанесувајќи му тешки повреди. Потоа, заедно со второобвинетиот го врзале со жица и така врзано го влечеле по дворот до контејнер, каде го фрлиле мислејќи дека кучето е мртво. Како последица на повредите, кучето угинало на 07.01.2025 година. Јавниот обвинител достави и предлог за определување мерка на претпазливост – задолжително јавување во Судот за двајцата обвинети, имајќи го предвид пред се објектот на инкриминацијата на ова кривично дело изразено преку заштита на животните од нехумано постапување.

Првото рочиште за овој случај се одложи бидејќи еден од обвинетите и неговата одбрана го немаа примено обвинителниот предлог, ниту пак решението за одлука за предложената мерка за обезбедување присуство. Тогаш голем број активисти за заштита на животните протестираа пред судот барајќи и зголемување на санкциите предвидени со член 233 од Кривичниот законик, како и затворрски казни за сторителите.

Процесот го води судијката Лидија Петровска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Зоран Здравев. Следното рочиште ќе се одржи на 23 мај во 9 часот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Го врза кучето и го влечеше од автомобилот – кривична за 23 годишник од Крива Паланка

А1он

Поради лоши услови, АХВ времено го затвори струмичкиот стационар за кучиња „Лана“

ВИДЕО: МВР го најде скопјанецот коњ влечеше кон врзан за автомобил, треба да одговара за „мачење животни“

Одложено судењето на убијците на бездомното куче Феликс, активистите бараат затворска казна

(ВИДЕО) Поднесено обвинение за двајца насилници кои го убија кучето Феликс

Горан Наумовски

Гимназијата „Никола Карев“ го организира првиот Пет френдли училиштен клуб

Катерина Ѓуровски