ОЈО: Гевгеличанец е осомничен за демнење, предложени се мерки за претпазливост

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 46-годишен жител на Гевгелија кој е осомничен за дејствија на кривично дело – Демнење кое го извршил во Скопје кон еден оштетен и неговите три малолетни деца.

– Во периодот од 29.1 до 29.4 осомничениот го следел оштетениот при доаѓање или одење од работното место, го следел движењето на неговите деца додека оделе во основно училиште во Кисела Вода и се обидувал со пораки да воспостави несакан контакт. Со ваквите дејствија предизвикал чувство на вознемиреност, несигурност и страв кај оштетените.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост – забрана за приближување и воспоставување контакти со оштетените, како и забрана за посетување на локациите каде го вршел демнењето, извести ОЈО.

Би можело да ве интересира

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики