Шпанија прогласи вонредна состојба

Од:

Шпанското Министерство за внатрешни работи прогласи вонредна состојба откако денеска снема струја речиси низ целата земја.

Министерството додаде дека вонредната состојба ќе се применува во регионите што ќе го побараат тоа.

Прекините на струјата погодуваат милиони луѓе, како и клучните индустрии, како транспортот и телекомуникациите.

Водечката португалска енергетска компанија РЕН објави дека прекинот на електричната енергија е предизвикан од дефект во шпанската електрична мрежа, поврзан со „редок атмосферски феномен“.

Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека телекомуникациите се во критичен момент и ги повика граѓаните одговорно да ги користат телефоните.

Премиерот додаде дека нема дефинитивни информации за причината и додаде дека во моментов нема закана за јавната безбедност.

Санчез исто така истакна дека платните системи и дигиталното банкарство работат нормално.

Тој додаде дека Советот за национална безбедност денеска повторно ќе се состане за да оцени дали треба да се воведат дополнителни мерки.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот премиер распиша предвремени парламентарни избори

А1он

Илјадници Шпанци на улиците поради станбената криза: „Вака повеќе не може“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Страшни поплави во Шпанија: Водата носи се пред себе

ВИДЕО: Полицијата пронашла двајца голи и крвави мажи во собата за мачење во вилата на уапсените Срби

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Шпанската полиција со гумени куршуми и пендреци ги отстранува мигрантите од плажите во Сеута

Предраг Петровиќ

Трамп со жестока порака за Шпанија: „Имате нула контрола врз границите“