Од 3. август еднонасочен сообраќај во Дебар маало

Од:

Започнувајќи од 3. август во Дебар маало ќе профункционира еднонасочен сообраќаен режим. Граѓаните ќе мораат да ја почитуваат поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација, а деновиве на сите авотомобили паркирани во овоој дел од градот беа поставени летоци од Општина Центар со информации за промените.

Ова значи дека во една насока ќе морате да возите во Дебар маало по улиците:

  • „Ленинова“ (во делот од крстосницата со улицата „Наум Наумовски – Борче“ до улицата „Орце Николов“),
  • „Наум Наумовски – Борче“ (во делот од вкрстувањето со „Илинденска“ до „Ленинова“),
  • „Пиринска“ (од улицата „Ленинова“ до кружниот тек),
  • „Коле Неделковски“ (од кружниот тек до „Орце Николов“),
  • улицата „309“ (од „Наум Наумовски – Борче“ до „Ѓуро Ѓаковиќ“),
  • „Ѓуро Ѓаковиќ (од „Орце Николов“ кон „Михаил Цоков“),
  • „Отон Жупанчиќ“ (од „Антоние Грубишиќ“ кон „Раде Кончар“),
  • „Раде Кончар“ (од „Радњанска“ кон „Орце Николов“),
  • „Радњанска“ (од „29 Ноември“ до „Дане Крапчев“ и друга насока од „29 Ноември“ до „Раде Кончар“),
  • „29 Ноември“ (од „Орце Николов“ до „Радњанска“),
  • „Дебарца“ (од „Дане Крапчев“ до „Раде Кончар“),
  • улица „488“ (од „Дане Крапчев“ до „Дебарца“),
  • улица „487“ (од „Благоја Давков“ до „488“),
  • улица „Дане Крапчев“ (од „Радњанска“ до „Орце Николов“ и друга насока од „Радњанска“ до „Благоја Давков“),
  • „Благоја Давков“ (од „Дане Крапчев“ до „29 Ноември“),
  • „Ѓорѓи Пулевски“ (од „Орце Николов“ кон „Благоја Давков“, а улицата „Мајаковски“ ќе биде за насока од „29 Ноември“ до „Дане Крапчев“).

Би можело да ве интересира

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето

Невремето остави хаос во Тетово, се санираат штети и во Скопје

Катерина Ѓуровски