Шекеринска: Западен Балкан мора да внимава на зборовите – тие можат да бидат поопасни од оружје

Од:

Кога безбедноста е загрозена, нема ништо поважно, изјави денеска заменичката генерален секретар на НАТО, Радмила Шекеринска, на средба со млади во Будва, Црна Гора.

– НАТО останува одбранбен сојуз, но историјата, уште од антички времиња, покажува дека ако сакаме да избегнеме војна, мораме да бидеме подготвени за неа, рече Шекеринска. Таа додаде дека со покажување сила, единство и решителност да се заштити секој сојузник, Алијансата ќе го исполни токму тоа – да спречи конфликт.

Шекеринска најави дека претстојниот НАТО-самит во Хаг, во јуни, ќе биде фокусиран на зголемување на воените трошоци и капацитетите за одбранбено производство. Некои земји, особено оние што граничат со Русија, веќе достигнале 4–5 отсто од БДП за одбрана.

– Во време на предизвици, мора да донесуваме тешки одлуки – тоа значи повеќе вложувања во одбраната, нагласи таа.

Шекеринска подвлече дека живееме во опасни времиња, војната во Украина продолжува, а соработката на Русија со Северна Кореја, Иран и Кина укажува на потребата од зајакнување на одбранбените капацитети на НАТО.

На прашањето за можноста Украина да се приклучи кон НАТО, таа потсети на Северна Македонија која чекала 30 години за прием. – Приемот на Украина е важен, но и многу тежок процес. Во тешки времиња не смееме да ја изгубиме надежта, изјави Шекеринска.

Таа нагласи дека Западен Балкан останува од стратешко значење за Алијансата. „

– Не е доволно само да нема војна. Зборовите имаат значење. Денес регионот е мирен и стреми кон ЕУ, но сè уште слушаме изјави за поделби, национализам и сецесионизам. Тоа не се само зборови – понекогаш зборовите се поопасни од оружјето, бидејќи можат да предизвикаат насилство, предупреди Шекеринска.

Би можело да ве интересира

Приправничка во НАТО уапсена во Белгија поради шпионажа, се сомневаат дека работела за „трета земја“

Предраг Петровиќ

Кремљ: Русија нема да дозволи присуство на сили на НАТО во Украина

Горан Наумовски

НАТО можеби нема да може да го исполни ветувањето од 140 милијарди евра за Украина

Поранешен украински премиер: НАТО никогаш нема да го прими Киев во Алијансата

А1он

Дигитален ѕид на НАТО се појави по должината на руската граница

Захарова: НАТО продолжува со милитаризацијата на Европа и подготовките за конфликт со Русија