(ВИДЕО) Костова: Илјадници вработени оставени без плата, СДСМ бара одговорност од власта

Од:

Неспособноста на Владата предводена од ДПМНЕ е на виделина. Илјадници вработени во јавниот сектор, во Култура, во Министерството за економија, Центрите за социјална работа, Пазарниот инспекторат, Трудовиот инспекторат, власта ги остави без плати, со недели после законскиот рок за исплата на плати. Ова не е административен пропуст, ова е неспособност. Но ова е и директно кршење на законските права на работниците и понижување на нивното достоинство за што треба да има одговорност, изјави Кристина Костова – потпретседателка на СДСМ.

– Ја повикуваме трудовата инспекција сега да направи надзор во Министерството за економија и труд, како што поднесуваат кривични пријави за други работодавци за неисплатени плати да поднесат и за министерот.

Ете до каде не доведе власта на ДПМНЕ денес. Во Македонија веќе не се зборува за економски развој, не се зборува за поголеми плати туку за тоа дали Владата воопшто ќе успее да исплати плати.

Додека функционерите на ДПМНЕ уживаат во луксузи со папаја и манго, работниците се оставени без плати, без основна егзистенција. Тотална незаинтересираност на власта за граѓаните, за вработенте, за македонскиот работник.

Дополнително, власта го одложува и процесот на усогласување на платите и не ги почитува колективните договори во голем дел од институциите. Околу 60.000 вработени во јавниот сектор требаше да добијат зголемена мартовска плата за 12.6%, согласно Општиот колективен договор.

Додека цените и сметките секојдневно растат, власта одбива одбива да ги покачи платите во различни сектори, одбива да ја зголеми минималната плата на 500 евра.

Десет месеци што беа доволни да излезе на површина неспособноста, неодговорноста и целосната незаинтересираност на оваа Влада за животниот стандард на граѓаните. Последните податоци покажуваaт дека за да се покрие синдикалната минимална кошничка, потребни се речиси три минимални плати. Семејство со минимална плата не може да си дозволи ни храна, ни лекови, ни сметки. Тоа не е живот – тоа е борба за преживување.

СДСМ бара: Итна исплата на платите на сите вработени во јавниот сектор. Одговорност за доцнењето и непочитувањето на законските обврски. Да се обезбеди раст на минималната и просечната плата, во чекор со растот на трошоците за живот.
Работниците не се статистика – тие се столб на општеството и мора да бидат почитувани, рече Костова.

Би можело да ве интересира

ЗНАМ: СДСМ се во длабока криза и прашање е нивниот опстанок после локалните избори

СДСМ: Максим Димитриевски измеќари кај Мицкоски за да се спаси од прогон

Кузеска: Мицкоски води теснопартиски интереси и слугува на туѓи држави

(ВИДЕО) Лукаревска: СДСМ предлага 934 милиони денари поддршка за семејствата на загинатите и повредените во Кочани

Горан Наумовски

СДСМ: Шокантно, наместо поддршка за младите – Мицкоски запнал да ги казнува луѓето што не се во брак

(ВИДЕО) Филипче: Димитриевски му слугувал на Мицкоски за да се спаси од политички прогон

Горан Наумовски