Источниот дел на Индија денеска остана без електрилна енергија поради дефект во електроенергетскиот систем.
Без струја останаа најголемиот дел од сојузните држави во источниот и северниот дел на земјата, вклучително и реонот на индискиот главен град Њу Делхи.
Ова е втор голем дефект во електроенергетскиот систем во Индија во последниве два дена, откако вчера поради хаварија во реонот на градот Агра, неколку часа без струја беа северните индиски сојузни држави Пенџаб, Харијана, Утар Прадеш, Раџастан и Џаму и Кашмир, како и главниот град Њу Делхи.