ЈСП воведува нова услуга која ќе им овозможи на патниците да дознаат кога точно ќе пристигне нивниот автобус. Станува збор за услугата „Планер на патување“ која преку СМС порака ќе го кажува возниот ред на автобусите.
СМС пораката ќе ги информира патниците за времето на пристигнување на следните три автобуси кои треба да пристигнат на постојката на која чекаат.
Патниците ќе можат да одберат 2 точки на патување и да го одберат временскиот интервал. Добиениот резултат ќе ги покажува постојките на кои патниците треба да се качат и симнат.
Новата услуга исто така ќе покажува и вкупната должина на патување и времето потребно за патување.
ЈСП нема откриено колку ќе чини користењето на оваа опција.