Понта: Басеску за романскиот народ повеќе не е политички лидер

Од:

Романскиот премиер Виктор Понта изјави денеска по вчерашниот референдум за отстранување на претседателот Трајан Басеску од функцијата дека шефот на државата повеќе нема легитимност, со оглед на тоа дека околу осум милиони Романци гласале за негово разрешување.

„За романскиот народ Трајан Басеску повеќе не е политички лидер. Осум милиони Романци гласаа за неговото отстранување. Од политичка гледна точка Басеску веќе е ослободен од должноста. Тој живее во свој сопствен свет“, рече Понта и додаде дека е задоволен оти гласањето на референдумот било коректно.

Понта нагласи дека нема да биде организиран нов референдум за отстранување на Басеску.

„Не ме прашувајте мене што ќе стори Парламентот, но сметам дека нема сето ова да го почнеме од почеток“, истакна Понта, одговарајќи на новинарско прашање.

Според досегашните првични резултати на Централната изборна комисија на референдумот не гласале доволен број граѓани за да може тој да биде прогласен за валиде.

Резултатите од 9:30 часот изутринава по локално време покажуваат дека 46,13 проценти од избирачите учествувале на референдумот за отстранување на Басеску од функцијата. Од граѓаните кои учествувале на референдумот 87,55 отсто гласале за отстранување на Басеску, а 11,12 биле против.

Би можело да ве интересира

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се затресе силно и во Молдавија, снимена реакцијата на претседателката Санду

Предраг Петровиќ