Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

Од:

Силно невреме проследено со пороен дожд и грмежи го зафати поголемиот дел од Србија, а во некои делови од државата падна и град.

Во делови на Срем околу еден час паѓал град со големина на лешник.

Невремето ја зафати и западна Србија, а пороен дожд ги поплави улиците на Пријепоље.

Во Краљево нешто по 17 часот имаше пороен дожд, силен ветер и град.

Град паѓаше во околината на Топола и во јужен Банат.

Дел српски медиуми јавија дека камион делумно пропаднал во асфалтот на автопатот близу Смедерево во текот на невремето. Од поројниот дожд е уништен дел од коловозот.

Во Белград имаше поројни врнежи и грмежи, па сообраќајот во некои делови од градот се одвиваше многу отежнато.

Претходно денеска РХМЗ издаде предупредување за врнежи од дожд и грмежи што се очекуваат на територијата на Србија во наредните четири дена.

Во централна Србија се уште врне силен дожд.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Уапсени малолетници во Врање – бегаа од потера, удрија во полициско возило

А1он

Возеше мопед без дозвола, со 2,93 промили алкохол во крвта – беше позитивен и на канабис

А1он

Србија покажа вооружени „роботски кучиња“ од кинески дизајн

Предраг Петровиќ

Пленковиќ крена тревога поради Србија: „Ова е шопинг-манија“ – Загреб ги информираше партнерите

Возач на камион од Македонија загина кај Лесковац

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Силна бура зафати делови на САД: откажани стотици летови, илјадници без струја