Британски државјанин починал од изгореници откако, според локалните медиуми, толпа го извлекла од полициска станица и го запалила на улица, пишува Sky News. Според еквадорските медиуми, маж кој се уште не е официјално идентификуван, претходно бил приведен од полицијата под сомнение дека учествувал во смртоносното пукање.
Според извештајот на еквадорскиот портал Ecuavisa, човекот бил одведен во полициска станица во Плајас дел Кујабено, зафрлено село во прашумите на Амазон. Додека бил таму група луѓе насилно влегле во станицата и го извадиле. Потоа бил запален на улица и починал од изгорениците со кои се здобил.
Друг локален извор, EXTRA.ec, објави дека специјалните полициски единици пристигнале доцна поради отежнатиот пристап до областа, до која може да се стигне само по река. Според извештаите, кога толпата пристигнала, полициските службеници во станицата наводно почувствувале дека не можат да интервенираат поради страв за сопствената безбедност.
Британското Министерство за надворешни работи наводно го следи случајот и работи со локалните власти за да ги потврди сите околности на инцидентот.