Во сообраќајка загина пратеникот во Собранието на Република Српска, Срѓан Тодоровиќ

Од:

Во сообраќајна несреќа загина пратеникот во Собранието на Република Српска, Срѓан Тодоровиќ, неговата сопруга и малолетно лице.

Тодоровиќ беше пратеник во Народното собрание на Република Српска, директор на Фондот за заштита на животната средина и енергетска ефикасност на Република Српска и потпретседател на Социјалистичката партија (СП). Тој е поранешен пратеник во Градското собрание на Добој.

По професија беше економист. За советник е избран во Градското собрание на Добој во 2012 и 2016 година.

На општите избори во октомври 2018 година, тој беше избран за пратеник во Народното собрание на Република Српска.

Според неофицијални информации, до трагедијата дошло кога автомобил „волво“ кој го управувал Тодоровиќ удрил во задниот дел на камионска приколка која стоела на патот поради претходна несреќа.

“Камионот претходно учествувал во сообраќајна незгода со друг автомобил. Поради несреќата двете возила стоеле на автопатот кога автомобилот „волво“ со голема брзина удри под приколката на камионот”, изјавил извор за АТВ.

Од полициската управа Бања Лука потврдија дека трагедијата се случила околу 12.50 часот во близина на градот Пурачи.

Би можело да ве интересира

Додик: Република Српска е подготвена да биде партнер на сите, но никому слуга

Додик: Врските меѓу Србија и Српска нема да бидат прекинати од оние кои сакаат Србите да се откажат од сопствениот народ

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Ќе лежи 22 години во затвор за убиство на сопругата – полицијата го пушти на слобода кога и се закануваше

А1он

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски