Следува период на дожд и грмежи

Од:

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека следува период на нестабилно време со дожд и грмежи.

Претпладне во текот на денешниот ден, времето се очекува да биде сончево со умерена облачност, а веќе од попладне, во западните и крајните источни делови, ќе има развој на нестабилна облачност со локален дожд и грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Се очекува минималната температура да биде во интервал од 4 до 10, а максималната да достигне од 20 до 27 степени.

Во Скопје, сончево време со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер.

Попладне ќе има умерен развој на нестабилна облачност. Се очекува минималната температура да се спушти до 7, а максималната да достигне до 27 степени.

Според синоптичарите, утре во претпладневните часови, времето ќе биде сончево и релативно топло со умерена облачност, а во попладневните ќе има развој на нестабилна облачност со локален дожд и грмежи.

Од среда на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално поројни, проследени со грмежи.

Би можело да ве интересира

Денеска променливо облачно со дожд и ветер од северен правец

УХМР: До среда локално невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер

Денеска променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Денеска облачно и врнежливо време, наместа со ветер над 70 km/h

Од утре до петок врнежи од дожд, на планините снег

УХМР: Викендов и на почетокот на идната седмица слаби локални врнежи од дожд, пообилни ќе бидат во среда