СДСМ: Бесмислена и нефункционална е мерката на Владата за објавување на цените

Од:

„Откако мерката на Владата, со која маркетите задолжително треба да ги објавуваат цените на своите веб-страници, наиде на голем потсмев кога беше најавена, сега истата се докажува и како целосно нефункционална. На граѓаните им е потребен околу еден час само за да споредат еден производ во сите маркети. Доколку треба да направат споредба на сите производи што редовно ги купуваат, веројатно би требало да земат ден одмор од работа“ велат од СДСМ.

Од СДСМ велат дека „уште на почетокот алармираше дека оваа бесмислица ниту ќе помогне да се намалат цените, ниту некој реално ќе има корист од неа, но Владата не слушаше“.

„Наместо да ги прифати мерките на СДСМ, со кои реално ќе се намалеа цените на основните производи, Владата реши да им замачкува очи на граѓаните. Резултатот, месеци подоцна, е целосно неупотреблива алатка, осудена на пропаст – и цени кои се вивнати во небо. Десетици милиони евра е државниот грабеж што им е направен на граѓаните како резултат на лошите политики на Владата и работењето во интерес на трговците“ е партискиот став.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ЗНАМ го прослави предавството на Македонија за пари

Горан Наумовски

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ признаа договор за мигранти за пари, ја предадоа Македонија!

Горан Наумовски

СДСМ: Власта ќе носи мигранти за пари од Британија, а ќе ги викаат „економски работници“

Горан Наумовски

Мицкоски: Не постои закана од мигрантски кампови, опозицијата ја дезинформира јавноста

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Во буџетот нема пари, за првпат во историјата, утре 15 декември се затвора Трезорот

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ако сака да функционира како сериозна политичка партија има можност

Горан Наумовски