Тошковски: Се надеваме дека за краток период ќе ја затвориме истрагата за пожарот во Кочани

Од:

„Се надеваме дека за максимално краток временски период ќе ја затвориме целокупната истрага за пожарот во Кочани за да може да се може да се продолжи со останатиот дел од постапката. Истрагата е се уште во тек. Се води од страна на Јавното обвинителство. Министерството за внатрешни работи (МВР) постапува по добиени насоки и наредби од страна на ЈО“, изјави денеска во Охрид министерот за внатрешни работи – Панче Тошковски во врска со истрагата за трагедијата во Кочани.

Последните информации од Основното јавно обвинителство – Кочани се дека до Основниот суд во Кочани е доставен предлог за замена на претходно определената мерка куќен притвор во мерки на претпазливост за двајца осомничени во својство на поранешни директори на Државниот пазарен инспекторат, а по првпат се бараат мерки за претпазливост и за еден осомничен за пожарот во Кочани кој до сега бил на лекување.

Екс министерот за економија, Крешник Бектеши останува во притвор, а од затворски во куќен притвор одат поранешниот градоначалник на Кочани, Љупчо Папазов и поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), Горан Трајковски.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за десетмина поврзани со запленетите 40 тони марихуана

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Тивок марш во Македонска Каменица – „Кети Милковска и 63 ангели“

А1он

(ВИДЕО) Мицкоски и Тошковски за заплената на марихуана: Никој не е над законот

А1он

(ВИДЕО) Тошковски: Успешен старт на „Безбеден град“, мал број прекршоци

ВИДЕО: „Сејф сити“ стартува за седум дена, во првата фаза на ризичните локации

Катерина Ѓуровски