Три лица загинаа при пад на мал авион во река во Небраска

Од:

Три лица загинаа кога мал авион се урна во реката Плате јужно од Фремонт, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Доџ.

Несреќата се случи синоќа, а телата на загинатите се пронајдени и извлечени од реката, пишува ABC News.

Идентитетот на жртвите се уште не е соопштен.

Федералната управа за авијација (FAA) и Националниот одбор за безбедност на транспортот (NTSB) ја презедоа истрагата за причините за несреќата, која се уште не е позната.

Локалните власти апелираа до граѓаните да ја избегнуваат областа околу местото на несреќата додека трае истрагата.

Би можело да ве интересира

Пукнаа гуми на два авиона во ист ден, аеродромот О’Хара е под истрага

Избегната е авионска катастрофа на аеродромот во Сиднеј

(ВИДЕО) Пукна прозорец во авион, 61-годишен Србин ќе излеташе низ него

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се урна украински Су-24, загинаа двајцата членови на екипажот

Авион се урна во Мисури, загинаа 11 падобранци и пилот

Драма во Босна и Херцеговина: Авион слета на ливада, има повредени