Тошковски: Неприлагодена брзина е причина за сообраќајката во Кичево

Од:

Според првичните информации причина за вчерашната сообраќајна несреќа во која загинаа три лица, а осум се повредени е неприлагодената брзина на патот, изјави утринава министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој е во посета на СВР Охрид.

– Во синоќешната сообраќајка, за жал, животот го загубија три лица. Согласно првичните информации што ги добив станува збор за огромна неприлагодена брзина на еден од учесниците кој, за жал, е починат, изјави Тошковски.

Бројот на сообраќајни жртви во првото тримесечје од годинава, според министерот, е отприлика сличен како минатата година, но како што оценува, бројките се катастрофални компарирано со европските стандарди.

– Во иднина максимално мора да се фокусираме кон поголемо смирување на сообраќајот од секој аспект, како и на имплементирање на проектот „Безбеден град“ на цела територија на државата, рече Тошковски.

Минатата недела, како што соопшти, на ЕНЕР се ставени дел од потребните закони за имплeментација на проектот „Безбеден град“.

Сообраќајната несреќа се случи вчера меѓу Кичево и селото Трапчин дол, а според првичните информации што ги даде портпаролот на СВР Охрид, во несреќата учествувале три возила.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Интервентната полиција често пати беше прва на терен и вистински херој во заштитата на граѓаните

И Тошковски доби опомена за брзо возење – камера на „сејф сити“ го улови со 51 км на час

А1он

Тошковски: За 12 часа часа над 65.000 прекршоци

Горан Наумовски

Министерот за внатрешни успешно опериран на скопските клиники

А1он

Уште колку луѓе треба да настрадаат за Панче Тошковски да почувствува одговорност, прашуваат од СДСМ

Горан Наумовски

Тошковски со инспектори од МВР во штаб на ДПМНЕ во Кривогаштани, обвинува СДСМ