(ВИДЕО) Студентите ја засилуваат блокадата: Работиме во најтешки услови, реагираше РТС

Од:

Студентите на белградскиот универзитет во блокада од понеделник ги блокираат влезовите на Радио телевизија на Србија (РТС) во Таковска и Кошутњак. Студентите во блокадата официјално најавија дека Велигден ќе го слават пред РТС и ги повикаа граѓаните да им се придружат. Одредени улици се блокирани за сообраќај.

Студентите денеска пред зградата на Радио и телевизија на Србија на улицата Таковска приредија перформанс со наслов „Обојени јајца, а не шарени лаги“. Поставија големи маси на кои граѓаните носат јајца, а најмладите најмногу уживаа во бојадисувањето и украсувањето.

Во исто време, акцијата беше спроведена и пред студиото на Радио Телевизија Србија во Кошутњак.

Во соопштението на РТС објавено на веб-страницата на оваа медиумска компанија, упатено е извинување „до верниците и граѓаните на Србија затоа што поради насилната и незаконска блокада не сме во можност традиционално да ја емитуваме полноќната и утринската литургија во сабота и недела од црквата Свети Сава, како и католичката миса од катедралата Успение на Пресвета Богородица во сабота навечер“.

РТС поднесе кривична пријава до Првото основно јавно обвинителство во Белград против непознати лица кои се претставувале како студенти во блокадата, кои од 14 април ги блокирале објектите на РТС на улиците Таковска и Абердарева и на Кошутњак, а постојано повикуваат и други граѓани да им се придружат.

Студентите во блокада ги повикаа своите сограѓани и колеги да дојдат на Велигденските активности за бојадисување на јајца пред зградата на РТС на Кошутњак и на улицата Таковска.

– Заинтересираните можат да понесат јајца, бои, налепници и фломастери. Ве очекуваат насмевки – порачаа студентите во блокадата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Четврти ден блокада, студентите остануваа пред РТС и за Велигден

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Студентите ја блокираа РТС, ќе останат неодредено

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пречек „како во Србија“ за студентите на велосипеди во Штутгарт

Не сте надлежен – студентите по медицина му одговорија на Вучиќ за посетата на повредените од пожарот во Кочани

ВИДЕО: Српските студенти тргнаа со велосипеди кон Стразбур

(ВИДЕО) Нападната деканка на факултет во Ниш: Ова е крвавата хајка на Вучиќ тврди нејзиниот сопруг