ВИДЕО: Син на полицајка со пиштолот на мајка му уби двајца на Флорида

Од:

Младиот човек, кој е осомничен дека уби две и рани шест лица во пукање на Универзитетот во Флорида, е син на полицајка. Полицијата соопшти дека осомничен за нападот е Финкс Икнер, син на заменик шериф, а за страшниот напад го употребил оружјето на мајка си.

Официјални лица рекоа дека мајката на осомничената е Џесика Икнер, заменик на шерифот на округот Леон, и дека тој „имал пристап до едно од нејзините оружја, кое било пронајдено на местото на злосторството“.

Шерифот на округот Леон рече дека напаѓачот бил дел од младинската организација на канцеларијата на шерифот и учествувал во програми за обука. Икнер беше опишан како некој „длабоко поврзан со семејството на шерифот на округот Леон“.

Колегите немаат пофални зборови за Икнер. Велат дека имал чудни политички убедувања, а некои дури го нарекле и фашист.

Според медиумите, Финкс е регистриран републиканец. Еден од студентите кои претходно биле во иста „политичка дебата“ со Икнер откри дека овој имал ставови на белата надмоќ.

„Практично единственото правило што го имавме беше „нема нацисти“ – колоквијално кажано – и тој постојано изразуваше крајно десничарски ставови“, рече Рид Зајболд.

Икнер неодамна ги исмеваше студентите кои протестираа против резултатите од претседателските избори во 2024 година.

„Тие луѓе обично се прилично смешни, но не од добри причини. Мислам дека сега е предоцна, Трамп сепак ќе биде инаугуриран на 20-ти јануари и навистина не можете ништо да направите освен отворено да се бунтувате, и мислам дека никој не сака да го прави тоа“, изјави Икнер за студентскиот магазин, каде што беше опишан како студент по политички науки.

Списанието оттогаш ги повлече неговите изјави од текстот, наведувајќи дека претходната верзија на написот содржела цитат од напаѓачот од пукањето во ФСУ на 17 април, но тој бил „отстранет со одлуката на уредникот да ги задржи етичките стандарди на новинарството и да избегне понатамошно ширење на ставовите на лицето одговорно за насилството“.

Американскиот претседател Доналд Трамп го опиша пукањето на Државниот универзитет во Флорида како „срамота“, додавајќи дека е малку веројатно дека федералните закони за оружје ќе бидат изменети.

Тој посочи дека има обврска да го заштити вториот амандман, според кој граѓаните на САД имаат право да носат оружје.

За време на претседателската кампања минатата година, Трамп им кажа на поддржувачите дека Вториот амандман е „под опсада“.

Пукањето на Универзитетот во Флорида се случи вчера малку пред пладне по локално време кога 20-годишен вооружен маж отвори оган во студентскиот дом на универзитетот во Талахаси.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пукање во универзитетски кампус во Флорида, има неколкумина повредени

А1он

Во Флорида не помина предлогот за вклучување на абортусот како уставно право

Милиони загрозени, се повеќе настрадани во Флорида

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Еден од најголемите урагани на овој век помина низ Флорида, тројца мртви, милиони без стуја

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Американец веслаше низ дневната соба откако помина ураганот Хелен

Ајкули нападнале три лица на Флорида за еден ден