Порторико денеска остана без електричната енергија, соопшти комуналната компанија „Генера“.
Компанијата „Генера“. на платформата X објави дека работи на враќање на електраните во функција, како и на истрага за причините за инцидентот.
Компанијата за дистрибуција на електрична енергија ЛУМА Енерџи соопшти дека прекинот на електричната енергија се случил околу 12.40 часот по локално време, а околу час и половина подоцна сите блокови на централата се уште не работат.
– Ќе објавиме нови информации штом има повеќе детали за причината за прекинот на електричната енергија како и временската рамка за нормализирање на снабдувањето со електрична енергија, објави гувернерката на Порторико Џенифер Гонзалес на платформата X.