Црнo – бело или во боја: Каде е границата помеѓу сонот и реалноста?

Од:

Се она што сонуваме понекогаш ни се чини толку реално како да навистина се случува и обратно, тоа што ни се случува во реалноста навечер ни се рефлектира во сонот. Се помалку сонуваме во црно – бело, а оргазмот што го дожибуваме во сонот, може да биде интензитет како и тој кога сме будни, а понекогаш и многу посилен.

Истражувања на соновите на почетокот на 20. век, укажаа дека многу луѓе сонуваат во црно – бело. Но, во раните шеесетти години на минатиот век, нивниот број започна да се намалува.

Како објаснување експертите го понудија фактот дека за тоа главен „виновник“ е телевизијата и со промените на нивната технологија, од црно-бело во боја, се промени и начинот на сонување кај луѓето.

Надворешните состојби, како што се звуците и мирисите можат да се вклучат во нашиот сон. Пример, ако соседот пушта гласна музика, ние би можеле да сонуваме како да сме на концерт.

Луѓето кои го изгубиле својот вид, во останатиот дел од животот се уште сонуваат во слики. Соновите на луѓето кои се слепи од раѓање се малку поинакви, тие се толку живи и јасни поради засиленоста на другите нивни сетила како што се звукот, мирисот, допирот и чувствата.

Најчестите емоции во сонот се негативни. Мажите често сонуваат други мажи и во сонот им надвладува агресивноста наспроти жените. Децата во училишната возраст се многу склони на кошмари.

Голем број на студии укажале дека луѓето кои се откажуваат од цигарите, имаат многу повеќе живописни слики, отколку пред тоа.

Статистиката покажала дека една четвртина од својот век, луѓето спијат, а околу шест години сонуваат.

Сите сонуваме, но постојат и такви кои никогаш не се сеќаваат на своите сонови. Секогаш сонуваме во РЕМ фаза на спиење и колку повеќе се будиме во текот на сонувањето, толку е поголема веројатноста дека ќе се сеќаваме на својот сон.

 

Би можело да ве интересира

Ѕвездата на серијата на Нетфликс пред суд: 26 обвиненија, сексуално злоставувани жени и деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Со куќа и палма на глава, во кутија..почна борбата за Мис Универзум

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ