Топи и се враќа на политиката

Од:

Поранешниот албански претседател, Бамир Топи, најави дека набрзо ќе се врати на албанската политичка сцена. Гостувајќи во емисијата „Топ стори“ на тиранската телевизија Топ-чанел, тој изјави дека е подготвен за нови политички предизвици, по петгодишното искуство на чело на државата.

Топи, како што и претходно се најавуваше се очекува да биде лидер на новата политичка партија, Нов демократски дух, која се повеќе привлекува поранешни високи функционери на актуелната владејачка Демократска партија на Сали Бериша.

– Претседател е една институција која ти дава можност да се здобиеш со искуство преку комуникација со многу значајни странски и домашни личности. Јас се чувствувам подготвен за нови предивзици, изјави Топи. Пред да биде избран за претседател Топи беше сопартиец на Бериша.

Тој се задржа и на актуелната политичка состојба во земјата, која ја оцени како влошена, како во рамките на политичките партии така и во парламентарниот живот. Како најтешки моменти во неговиот мандат тој ги оцени големата експлозија во воениот магацин за демонтирање муниција во селото Грдец, што се случи на 15 март 2008 кога загинаа 26 лица а повредени беа над 300 и ланските крвави антивладини протести што се случија на 21 јануари кога загинаа четворица демонстранти.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски