Дожд и во следните денови, температурите над 20 степени

Од:

Времето денеска претпладне е облачно со повремен локален дожд, а попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен и југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, а претпладне со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер.

Би можело да ве интересира

Сончево и топло, до 34 степени

Сончево и топло, повремено засилен ветер од северен правец

А1он

Пеколно време, да не се излегува од 11 до 17 часот

Многу топло денеска, од утре малку ќе намали жештината

Викендов е пикот на првиот жежок бран

Топло денеска, уште потопло во следните денови

Катерина Ѓуровски