(ВИДЕО) Руски напад на Одеса, погодена е болница, има ранети

Од:

Русија ноќеска со беспилотни летала го нападна украинскиот пристанишен град Одеса, каде што беа регистрирани серија експлозии. Укринформ пренесува дека градоначалникот Генадиј Труханов рекол дека при нападот била погодена болница и оштетена е инфраструктура, а пет лица се ранети.

– Како резултат на напад на непријателски дрон оштетен е покривот на една од здравствените установи во Одеса, рече Труханов на Телеграм.

Тој додаде дека во нападите со беспилотни летала биле оштетени и станбени згради, главен пат, бензински пумпи и автомобили.

Соопштено е дека оперативните служби се на местото на нападот на главниот пат во Одеса и чекаат дозвола од властите да започнат со отстранување на последиците.

– Засега знаеме за петмина ранети – напиша Труханов во објавата на Телеграм.

Видеото објавено на социјалната мрежа Х од страна на Киев Пост го покажува моментот кога руските беспилотни летала камикази нападнаа главен пат во Одеса, при што беспилотните летала удираат во автомобили кои се движат.

Лицето од чиј автомобил е снимено видеото, застанува и се враќа назад кога гледа дека возилото напред е удрено.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Русија нападна повеќе од 15 енергетски објекти во Украина

На Украинците им се заканува смрзнување: Милиони ќе мора да ги напуштат домовите, предупредува ОН

Украина ги обнови воздушните операции, Москва и Санкт Петербург се главните цели

Русија се закани: Ќе го поделиме Киев

(ВИДЕО) Нов бран разорни напади врз Украина: Најмалку осум загинати, погодени се и трговски центри

Христофору: Зеленски доживува политички слом поради заладените односи со Вашингтон