Хамас повторно нуди ослободување на заложниците за да се стави крај на војната во Газа

Од:

Палестинската милитантна група Хамас денеска повторно понуди ослободување на израелските заложници во замена за прекин на војната во Газа, пренесува Ал Џезира.
Хамас смета дека крвта на децата од Газа и израелските заложници се жртви на амбицијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да остане на власт и на тој начин да избегне кривично гонење.

„Равенката е јасна: ослободување на затвореници во замена за крај на војната. Светот го прифаќа, но Нетанјаху го отфрла. Секој ден одложување значи повеќе убиства на беспомошни цивили меѓу нашиот народ и непозната судбина на окупаторските затвореници“, заклучува Хамас во соопштението.

Израел ги продолжи нападите врз Газа на 18 март, по речиси двомесечен прекин на огнот, кој меѓу другите земји го осудија Франција, Јордан и Египет.

Оттогаш, најмалку 1.391 лице се убиени и 3.434 ранети во Газа, додека вкупниот број на убиени Палестинци од октомври 2023 година надмина 50.700.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хамас објави видео од израелскиот заложник што го држи во Газа 551 ден

Хамас: Француското признавање на палестинската држава до јуни би било важен чекор

Берни Сандерс: Екстремистичката влада на Нетанјаху уби 50.000 луѓе во Газа

Израел е подготвен да се согласи на договор за ослободување на сите заложници

ВИДЕО: Светот се занимава со тарифите, Израел ја толчи Газа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Нов израелски напад на Газа, има загинати, меѓу нив и деца