Се апсат екс функционери поврзани со пожарот во дискотеката во Кочани

Од:

Се проширува истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Според најновите непотврдени информации, опфатени се актуелен министер, директор и поранешни функционери и министри.

„По наредба на јавен обвинител во тек е акција за приведување на повеќе лица, а во насока на проширување на истрагата за пожарот во Кочани. Надлежните институции ќе ја информираат јавноста координирано штом бидат завршени дејствијата кои се во тек“ информираа од Обвинителство.

Информациите се дека со наредба на надлежен обвинител, БЈБ на МВР ги обезбедува за истрага актуелниот министер без ресор и поренешен директор на ДЗС, Шабан Салиу и актуелниот директор на ДЗС, Џеват Селами.

Опфатени во истрагата се и поранешните министри за економија уште од минатата влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ – Беким Незири, Дритон Кучи и Ваљон Сарачини.

Вклучени во истрагата се и поранешниот директор на ДЗС, Аднан Џаферовски, поранешниот директор на пазарен инспекторат, Виктор Дерменџиев.

Повеќе информации се најавени во текот на денот.

Би можело да ве интересира

Не чувствувам апсолутно никаква одговорност и вина за трагедија во Кочани, вели Салиу

Имаме капацитет за понатамошниот третман и рехабилитација на пациентите од трагедијата во Кочани, вели Клековски

Горан Наумовски

СДСМ: Се организира прикривање на одговорните во Кочани

СДСМ: Пеколот во „Пулс“ го откри вистинската лице на власта – правда нема, виновниците заштитени

СДСМ: Зошто од истрагата е изоставен Томо Донев кој до несреќата повеќе од една година е началник за криминалистички работи во Кочани

Не помина предлогот на Апасиев за надзорна расправа во Собранието за трагедијата во Кочани