Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги нарече „медиумска лага“ тврдењата дека Русија е подготвена да му даде азил на сирискиот претседател Башар ал Асад.
„Нема никаков договор по тоа прашање и никој не размислува за тоа. Тоа се само провокации од оние кои сакаат да ја префрлат вината врз нас и кина за она што се случува во Сирија, и кои тврдат дека ние нешто блокираме… Ние блокираме само едно, а тоа е обидот на Советот за безбедност на ОН да дозволи да биде поддржана само една од страните во конфликтот“, истакна денеска Лавров на прес-конференција.
Тој категорично потврди дека „Русија никогаш не била меѓу најблиските пријатели на сирискиот режим, туку тие треба да се бараат во Европа“.