Остро и јасно предупредување од претседателот на Бундес банката Јенс Вајдман за Грција, која не ги исполнува договорите со ММФ и со ЕУ. Грција нема да добие никаква нова финансиска помош доколку не се придржува до постигнатиот договор за спас.
„Ако Атина не си стои на зборот, тогаш тоа е демократска одлука. Но, од тоа произлегува дека отпаѓа основата за дополнителнителна финансиска помош“, изјави Вајдман за весникот „Зиддојчен Цајтунг“.
Вајдман предупреди дека излезот на Грција од еврозоната ќе има поголеми последици за земјата, отколку за остатокот од еврозоната.
„Последиците за Грција би биле далеку многу потешки отколку за остатокот на еврозоната“, рече Вајдман.