Алкарас се пласираше во своето прво четвртфинале на Мастерсот во Монте Карло

Од:

Карлос Алкарас се пласираше во своето прво четвртфинале на Мастерсот во Монте Карло со победата над Германецот Даниел Алтмаер.

Алкарас го совлада Алтмајер со 2-0 во сетови, по час и 25 минути игра, со 6:3, 6:1.

Така Шпанецот за во петокот закажа четвртфинален дуел со Артуро Фис, кој претходно го елиминираше Андреј Рубљев. Тоа ќе биде нивна прва средба во кариерата.