Русија: Царините на Трамп ни отвораат нови можности

Од:

Повеќе американски царини наметнати на други земји, вклучително и Индија, би можеле да отворат нови можности за развој на руско-индиската економска соработка, изјави рускиот заменик министер за економски развој Владимир Иличев, кој моментално е во посета на Индија.

„Бидејќи нивниот пристап до американскиот пазар ќе биде донекаде ограничен, нашите индиски колеги ќе имаат зголемен интерес за снабдување на рускиот пазар. Ова е исто така можност за нас да ја прошириме нашата трговија. Нашиот пристап до индискиот пазар може да се зголеми и да отвори некои нови ниши“, рече Илич.

На прашањето како американските царини би можеле да влијаат на Русија, рускиот заменик министер рече дека нивното влијание нема да биде значајно. „Од очигледни причини, нашата трговија со САД во моментов е ограничена, но бидејќи сè уште тесно соработуваме, на пример, со членките на БРИКС и со другите земји кои се пријателски расположени со нас, ќе го почувствуваме и влијанието (на тарифите) до одреден степен“, додаде Иличев.

Американскиот претседател Доналд Трамп на 2 април објави дека ќе воведе царини за увоз од 185 земји и територии. Русија не беше вклучена во оваа мерка. Општите царини од 10 отсто стапија на сила на 5 април, а поединечните повисоки царини за одредени земји на 9 април. Веќе следниот ден, американскиот претседател ги суспендираше поединечните царини за сите земји освен Кина на 90 дена. Индискиот извоз во САД треба да почне да подлежи на царини од 26 проценти по тој период.

Би можело да ве интересира

Макрон: Администрацијата на Трамп е отворено антиевропска и се стреми кон распаѓање на ЕУ

Катерина Ѓуровски

Лавров бесен: Америка се откажува од преговорите

Анкета на Gallup International Association: Во Македонија Трамп има 48%, а Путин 41% поддршка, регионот поделен

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Кој е креаторот на најжестоките политики на Трамп

Русија под силен удар, Украина вели: Возвративме со ракети „Нептун“, руската армијата остана „слепа“

Русија го нападна Киев со балистички ракети